Во однос на информациите по медиумите дека кај добитокот во делови од Република Северна Македонија се појавила заразата антракс, Министерството за здравство информира дека нема заболени граѓани од антракс во нашата држава.

Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од Антракс, велат од Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.