Има доволно количини од сите типови вакцини, вклучувајќи ја и шествалентната вакцина Hexaxim, соопштија од Министерството за здравство.

Министерството за здравство во моментот располага со вкупно 16.600 дози од вакцината Hexaxim, кои се на располагање на сите здравствени домови и поликлиники, вклучувајќи ја и поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

Динамиката на дистрибуцијата во здравствените установи се одвива на квартално ниво, согласно претходно испратено барање од страна на установите. Исто така постои можност секој квартал да се надополни со вонредно барање од страна на здравствените установи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.