Со целосна одговорност тврдам дека вакцините што се во употреба во здравствените институции се уредни и ги  исполнуваат европските стандарди, рече заменик министерот за здравство Асим Муса на денешната собраниска седница одговарајќи на прашање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Муса додаде дека вакцините што беа со погрешни декларации се повлечени од здравствените институции.

Дека вакцините во нашите здравствени установи се целосно уредни и воопшто не се поинакви од вакцините во здравствените институции во европските земји, потврди и комисијата од произведувачот на вакцините што беше дојдена во Македонија, рече Муса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.