Точно знаеме дека во Куманово од 18 заболени има 100 луѓе кои се во самоизолација. Кај еден здравствен работник, кој што беше во контакт само еднаш за време на реанимацијата на пациентката која почина, за помалку од 48 часа е детектиран коронавирусот, што е многу кратко време за вирусот да стигне до секретите на еден човек , а тоа значи дека вирусот бил присутен многу порано -, рече во вечерашното интервју на телевизија Телма, министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека е многу е важно порастот на пациентите со коронавирус да биде линеарен.

Во фаза сме кога секојдневно имаме сличен број на дијагностицирани. Линеарниот пораст е нешто што секоја земја сака да го постигне. Тоа значи да не се случи болничките установи да не можат тоа да го издржат. Такво сценарио се случи во северна Италија. Тоа беше сериозно претотоварување на болниците со пациенти кои се за на интензивна нега, рече Филипче.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.