Имунологот и член на српскиот медицински Кризен штаб, д-р Срѓа Јанковиќ, даде одговор на прашањето кое многумина ги интересира. Тој за време на неговото гостување во ТВ Прва беше прашан дали комарците може да ја шират заразата со короа вирус.

Колку што е познато- Не. Една од причините е затоа што периодот на заразноста е краток кај лицата кои се инфицирани со корона. Покрај тоа, природата на вирусот е таква што тие не се пренесуваат со тоа што комарец или крлеж ќе се инфицира со вирусот, вели имунологот.

Уште пред два месеци, челниците на Светската здравствена организација објавија:

До денеска нема информации ниту докази кои би укажале на тоа дека новиот корона вирус може да биде пренесен од комарци. Новиот корона вирус е респираторен вирус кој се шири првенствено преку капки, кои настануваат кога заразено лице кашла или кива, или капки плунка и секрет од носот, соопштија тогаш од СЗО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.