Експертите веруваат дека храната што содржи свежа и кисела зелка може да биде корисна во борбата против короната, затоа што го намалува нивото на ACE 2, кој му помага на вирусот да го зарази организмот.

Свежата и кисела зелка може да ве заштити од новиот вирус, велат научниците.

Европските истражувачи велат дека може да се објасни зошто земји како Германија и Јужна Кореја, каде овој вид храна е клучен дел од исхраната, имало помалку смртни случаи за време на пандемијата.

Останатите намирници, како што се ферментирани млечни производи, исто така може да ве заштити од Ковид на ист начин.

Научниците велат дека нациите кои консумираат многу јогурт или кефир, како Грција, Бугарија и Турција, исто така имаа ниски стапки на смртност.

Исхраната може да игра улога во имунитетната одбрана против „Ковид-19“ и може да објасни некои од разликите што се гледаат во епидемиолошката состојба на земјите во Европа. Разбирањето на овие разлики и заштитните фактори, како што е исхраната, е клучно и може да помогне во контролата на овие епидемии. Сега ја сменив мојата исхрана, јадам сурова зелка три пати неделно, кисела зелка еднаш неделно, кефир за појадок и избирам кисел зеленчук – вели д-р Жан Бускет, професор на Универзитетот во Монпелје во Франција и поранешен експерт на СЗО, кој ја водеше оваа студија.

Студијата, објавена во списанието Clinical and Translational Allergy, ја испита стапката на смртност на вирусот и разликите во исхраната на нациите.

Утврдено е дека Германија има значително помал морталитет, како и Австрија, Чешка, Полска, Словачка, балтичките држави и Финска. Бугарија, Грција и Романија, исто така, имаа пониски стапки на смртност, додека бројот на жртвите беше многу поголем во Белгија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија.

Според научниците, исхраната може да биде клучна разлика меѓу народите.

Во земји со мала смртност, луѓето обично консумираат големи количини на ферментирана храна, како што е кисела зелка или кефир.

Овие намирници се богати со антиоксиданси и се смета дека го намалуваат нивото на клучен ензим наречен ACE 2. Тој е прикачен на клетките во белите дробови што КОВИД-19 ги ​​користи како влезна точка во телото.

Научниците веруваат дека ферментираната храна може да дејствува како природен блокатор на вируси.

Откривме дека оваа храна може да ја намали активноста на ACE2. На пример, ферментираните млечни производи се признати како природни инхибитори на ACE2. Коронавирусот се врзува за ACE2 што предизвикува оксидативен стрес, про-воспалителни процеси и профибриотски ефекти. Ферментираната храна има моќен антиоксиданс ефект и може да заштити од силната форма на Ковид-19 – вели д-р Баскет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.