Докторка и болничарка на Клиниката за неврологија пред два дена заболеле од морбили, пишува НОВА.

Двете вработени најверојатно се заразиле од пациентка која пред две недели била хоспитализирана поради слабост во нозете. Таа била негователка во една од скопските градинки, а осипот се појавил додека престојувала на Клиниката.

Поради оваа ситуација, утринава на сите вработени на Неврологија им била земена крв за анализа за да се утврдат антителата во крвта, по што ќе се вакцинираат тие што ги немаат. Информацијата на НОВА ја потврди директорот Иван Барбов.

Во епидемијата со мали сипаници регистрирани се вкупно 122 случаи кај медицинскиот персонал во здравствени институции, потврдуваат во Институтот за јавно здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.