Момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар, ќе се лекува во Софија, Бугарија, информираат од Министерството за здравство.

Благодарение на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија и одличната соработка која ја имаме со болниците во Бугарија, детето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот. Станува збор за болницата „Пирогов“ во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници“, соопштија од Министерството за здравство.

Тие се благодарни на колегите во Софија кои веднаш обезбедиле место за понатамошно лекување на детето.

Обезбедено е санитетско возило кое треба да тргне во секој момент, велат од МЗ.

Вчера од Македонски железници-Инфраструктура соопштија дека момче на возраст од 20 до 25 години е тешко повредено при обид за кражба на станицата во Трубарево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.