27-годишно момче од Битола, кое почина на  Инфективната клиника во Скопје, претходно се лекувало од малигно заболување, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од Министерството за здравство.

„Починатиот пациент 27 годишно момче, хоспитализиран бил на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест“, информираат од  Министерството за здравство.

Пред да биде префрлено во Скопје, момчето беше лекувано и во Клиничката болница во Битола. Работеше во познато кафуле во градот, а по појавата на симптомите кај него, од кафулето објавија на интернет дека времено нема да работат.

Ова е четврта жртва од Битола со ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.