Моите две деца и жената ми се сѐ во животот. Поради нив издржав. Вака започнува исповедта на Михајло од Гостивар, кој ја доби борбата со коронавирусот, а неговата приказна е споделена на страницата на министерот за здравство.

На инфективното одделение во гостиварската болница бев сместен околу три недели, а претходно имав 10 дена температура која постепено се качуваше. Докторите во болницата постојано беа со нас. Освен тоа што се грижеа за моето здравје, тие во текот на денот доаѓаа и ме прашуваа како сум. Многу сум задоволен од нив и треба да се гордеме со нашите здравствени работници. Три недели без семејството не е лесно и затоа им порачувам на сите да носиме заштитна маска, затоа што таа нѐ штити нас и нашите најблиски, вели Михајло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.