Ризикот од заразување со коронавирус е поголем кај оние што примиле вакцина на „Фајзер“ отколку на „Модерна“, објави непрофитниот медицински центар „Мејо клиник“ по обемно истражување спроведено во САД.

Студијата покажала дека во јули на Флорида, каде што случаите на Ковид-19 достигнаа историски максимум, а преовладува делта-варијантата, ризикот од инфекција бил 60 % помал за оние што примиле вакцина на „Модерна“ отколку кај оние вакцинирани со онаа на „Фајзер“.

Слично на тоа, во Минесота минатиот месец авторите откриле дека вкцината на „Модерна“ (позната и како mRNA-1273) е 76 % ефикасна во спречувањето на инфекцијата, а на „Фајзер“ (позната како BNT162b2) е 42 % ефикасна.

ЦДЦ известува дека ризикот од инфекција е 8 пати поголем кај невакцинираните отколку кај вакцинираните, а ризикот од хоспитализација или смрт е 25 пати поголем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.