Москва прогласи аларм поради сериозниот број на случаи на заболени од Ковид-19 помеѓу помладите лица. Повеќе од 40 отсто од пациентите приклучени на респираторна машина се помлади од 35 години, јавуваат руските медиуми.

Од неделата бројот на заболени во главниот руски град порасна за над илјада лица, од кои само 15 проценти се постари од 65 години. Повеќе од 33 отсто од заразените се помеѓу 18 и 34 години, додека 46 отсто се помеѓу 35 и 64 години, покажува статистиката.

Како што соопштија руските власти, младите заболени со посериозна клиничка слика, кои мораат да бидат приклучени на вештаќко дишење, не реагираат добро на респираторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.