Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска на официјалната Фејсбук страницата на министерот за здравство, Венко Филипче напиша објава во која го раскажува лошото искуство кое нејзиниот татко го имал во болницата 8ми Септември, кој што е заболен со корона вирусот, и припаѓа на посериозната категорија на пациенти заболени со овој вирус.

Таа во објавата пишува дека нејзиниот татко цела ноќ на 19.08 бил држен без кислород, со претходно објаснување дека боцата се потрошила и немале друга да ја заменат. Поради ова, таткото на Марија завршил на респираторна машина и сега се бори за неговиот живот.

Беспомошната Марија сега прашува кој ќе сноси одговорност за оваа настаната ситуација.

Ова е нејзината објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.