Министерството за здравство, информира дека втори јануари 2019 година ќе биде работен ден за вработените во јавните здравствени установи во Република Македонија, со цел граѓаните да добијат навремена здравствена заштита и помош.

Граѓаните кои имаат закажано термини за прегледи на овој ден во специјалистичко-консултативни амбуланти, кабинети за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции – нема да бидат одложени и ќе бидат извршени согласно закажаните термини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.