Третата операција на нашата ќеркичка Мила, која беше извршена на 18 септември, помина успешно, сподели Зоран Димоски од Охрид, татко на малечката Мила која ја крена Македонија на нозе.

Таа боледува од ретка болест – дистрофија на мозокот, а единствена шанса за подобрување на состојбата беа операциите во специјализирана клиника во Кина.

Како што сподели нејзиниот татко денеска, Мила во моментов закрепнува.

Исто како и претходните две операции беше извршена стереотактичка интервенција со директно вбризгување матични клетки на двете страни на мозокот. Моментално се рехабилитира и закрепнува тука во Пекинг до крајот на месецот.

Од името на целата фамилија сакам да ви се заблагодарам од срце што ни помогнавте во најкраток можен период да заминеме во Кина и да и ја продолжиме насмевката на Мила за подобро утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.