Поради крвавење во 10. недела од бременоста млада жена завршила во болница, добила медицинска нега, но ја шокирал начинот на кој било изведено тоа.

Не сум лута, само сум неизмерно тажна, ја започнува својата приказна младата риечанка,, која во Клиничкиот центар во Риека сама во тоалет породила плод стар десет денели.

Таа раскажува дека до десеттата недела бременоста била уредна, многу се радувале на новиот член на семејството. Но, една вечер, се разбудила со силна болка во стомакот и со крвавење.

Прегледот беше коректен, но ми го скрши срцето, Ми рекоа дека срцето на бебето престанало да чука и да дојдам следното утро за да се договориме. Ми објаснија дека е најдобро бременоста да се прекиене со медикаменти, а не со класична киретажа, зашто е подобро за мајката и зашто така ќе можам поскоро повторно да забременам.

Девојката се согласила и дошла следното утро. Ѝ дале таблета, која ја прекинува бременоста, и ја испратиле дома.

Ми рекоа да се вратам во петок наутро. Тогаш ми вметнаа две таблети во матката. Тие поттикнаа контракции и отворање, се сеќава риечанката.

По нешто повеќе од четири часа контракции, несреќната жена ѝ рекла на сестрата дека мора да оди во тоалет по голема нужда.

Сестрата ми објасни дека тоа е знак дека плодот излегува надвор. Ми тутна во рацете гумени ракавици и ми рече дека ми требаат за да не си ги накрвавам рацете. Збунето ги земав, зашто не ми беше баш јасно што ми зборува. Тогаш добив и метален сад во кој треба да го „фатам“ она што ќе излезе за да се испрати на анализа, раскажува таа шокирано.

Заминала во тоалет и постапила како што ѝ било речено.

Болеше, но очекував. Крв имаше колку во хорор-филм. Јас само си мислев дека бебето веќе го нема. Во целото бунило дури го исчистив тоалетот од крвта, зашто фактот дека некоја друга жена после мене ќе го види тоа и ќе се исплаши ми беше престрашен.

Жената раскажува дека така се вршат спонтаните абортуси во болницата во Риека. Љубезни сестри им даваат ракавици и метален сад на жените, ги испраќаат во тоалет, а потоа ги пречекуваат  со прашањето „Завршивте ли?“.

Иако била сигурна дека наскоро ќе планира нова бременост, вели дека не е подготвена за тоа, особено не додека ѝ е свежо сеќавањето на третманот во болницата.

Да ми се случеше ова на првата бременост, мислам дека ќе завршев на психијатрија, вели жената, на која најголема траума ѝ оставил нехуманиот однос во болницата.

Од болницата потврдуваат дека постапката е таква, но нагласуваат дека се врши во присуство на болнички персонал.

Оваа метода е достапна во риечката болница повеќе од една година.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.