Кралицата Летиција има беспрекорна фигура, а сега е откриено на што се базира нејзината исхрана.

Таа ги следи правилата на докторот Николас Периконе, а благодарение на нив има совршена тежина. Овој план на исхрана е многу едноставен и ефикасен.

Исхраната на Периконе се заснова на внесување на 3 вида храна: свежа риба, зеленчук богат со железо и храна богата со протеини.

Сите оние кои ја следат неговата диета мора да пијат три литри вода дневно, а кралицата со задоволство одредена количина ќе замени со зелен чај. Овој тип на исхрана делува и подмладителен, а не само на слабеење.

Дури и во оваа диета, појадокот е најважниот оброк во денот, а Летиција обично се одлучува или за омлет од 3 јајца или за парче лосос. Ако е многу гладна, додава и парче тост, но многу ретко.

За ужина јаде јаткасти плодови, јогурт, овошје или маслинки. Ручекот се состои од 200 гр пилешко или мисиркино месо или риба на скара, со многу зеленчук.

За вечера јаде парче сирење и многу зеленчук.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.