Дел од здравствениот персонал во екот на пандемијата со ковид-19 пријавувал лажни податоци за да искористат боледување, рече за „Алсат“ министерот за здравство Венко Филипче.

Има и такви случаи, за жал. Но, за среќа се ретки некој да избегне работна обврска, да се обиде дури и да исфингира и да даде грешни податоци за да добие боледување, што мислам не е коректно. Сите со голем ентузијазам се вклучија во помош на сите свои колеги во работата со пациентите со Ковид-19, вели тој.

Филипче посочува дека користењето на летните одмори од страна на здравствениот персонал нема да влијае на третманот на лицата заразени со Ковид 19. Според него, одморите се организираат врз основа на прелиминарен план со кој ќе се обезбеди да има доволно персонал во секоја болница каде се лекуваат лицата со коронавирус.

Апсолутно сите пожртвувано работе изминатите 4 месеци, одморот мора да го земат, затоа што мислам дека уште поинтензивна работа ќе следи во есенските месеци. Мора да кажам дека има и многу позитивни искуства, многу колеги најавија дека нема сега да го земаат годишниот одмор, мислам дека е сосем коректно, многу професионално се поставија здравствените работници како и со справување со кризата, така и по ова прашања. Така што, проблем по однос на ова прашање воопшто немаме, вели Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.