Во истражување спроведено од Today, 7.000 мајки одговарале на прашања за секојдневниот стрес. Резултатите покажале дека повеќето жени го оцениле својот стрес со оцена 8,5 од можни 10, додека 46 проценти изјавиле дека партнерите им приредуваат повеќе стрес од децата.

Жените најмногу се побуниле на неучествувањето на мажите во домашните обврски. 75 проценти изјавиле дека извршувањето на домашните обврски во домот, а често и родителските ги извршуваат самите, инаку нема да бидат извршени.

Во просек, една од пет мајки изјавиле дека сопругот го предизвикува најголемиот стрес токму затоа што не помага доволно во секојдневниот живот.

Втората работа која им смета е однесувањето на партнерот. Како што велат мајките, мажите почесто се однесуваат полошо од деца па децата ги доживуваат ако пријатели и извор на забава додека на мајките им преостанува улогата на строг родител кој ги носи тешките одлуки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.