Според податоците на Лекарската комора на Македонија годинава дури 83 лекари побарале потврди од Комората за напуштање на земјата, за разлика од тромесечјето во 2018 кога имале 69 барања. ОД ЛКМ се надеваат дека мерката што ја најавуваат здравствените со вклучување на сите млади лекари кои ќе добијат лиценца во здравствените домови, ќе ја намали црната статистика на одлив на кадар.

Се надевам дека ќе ги задржи бидејќи тоа не е само пракса, туку платена пракса. Ќе имаат стаж и искуство што им е неопходно и тоа платено, а кој знае може и ќе сакаат да останат да работат таму, вели д-р Калина Старделова Гривчева претседател на ЛКМ.

Инаку според статистиката од Комората, од 2010 до 2018 земјата ја напуштиле 1.200 лекари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.