Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на својот профил на Фејсбук објави дека првиот тест за коронвирусот му е негативен, и дека доколку и вториот е негативен од понеделник почнува да оди на работа.

Првиот тест негативен. Досега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0. Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција. На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот. Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита, напиша Манчевски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.