Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е изведена исклучително тешка операција при која е изваден тумор од 62-годишна пациентка голем околу 18 сантиметри. Туморот се наоѓал на специфично место во абдоменот, на тежок простор за ослободување, а она што дополнително ја отежнувало интервенцијата е што навлегувал и во големата долна шуплива вена.

Пациентката во моментов е во многу добра состојба.

Д-р Владимир Димов, специјалист по општа и абдоминална хирургија, под чие водство се изведе интервенцијата, вели дека вообичаено на овие простори ваков тип операции не се рутина, односно многу често пациентите се прогласуваат за иноперабилни со образложение дека болеста е во стадиум во кој не може да се стори ништо и евентуално се испраќаат на лекување во странски големи клиники.

Во оваа опасна и ризична операција исклучително важно беше искуството на тимот доктори, а во интервенцијата, освен д-р Димов, беа вклучени и д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург, д-р Ален Јовчевски, абдоминален хирург и д-р Моника Симоновска, како дел од абдоминалниот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.