Македонски граѓани кои живеат во Италија почнаа да се враќаат во родната земја, поради Коронавирусот кој веќе зема седум жртви. Вечерва се очекува и лет од Милано на аеродромот во Охрид. Сепак иако министерот Филипче со денови тврди дека постојат засилени контроли на аеродромите во Скопје и Охрид. Денеска македонката Оливера Јовановска која живее во провинцијата Мира, во областа Венеција токму каде што се појави првиот заболен случај во изјава за Сител кажа дека таа и незјиното семејство кои пред 24 часа стигнале на скопскиот аеродром не поминале низ ниту една контрола, ниту пак им пришол лекар за да ги предупреди или прегледа.

Јас и моето семејство сопругот и двете деца во саботата слетавме на скопскиот аеродром и не поминавне низ било каква контрола иако очекувавме, бевме загрижени затоа што не очекува, вели Јовановска за Сител.

Таа објасни дека не им била направена проверка ниту со термалната камера.

Се изненадивме што никој не не пречека, не ја видовме и не поминавме проверка со термалната камера, никој не ни даде упатства како да постапуваме понатаму, немаше лекарска екипа. Во авионот имаше многу патници, објасни Јовановска.

 

Запрашана за флаерите и информативните текстови, затоа како да се заштитите и каде да се обрати доколку почувствува симптоми некој патник, мерка за која исто така информираше министерството за здравство дека ја има на сите аеродроми,  Јовановска изјави дека видела таков флаер, но бил на албански јазик, но таа сепак се одлучила да го понесе со себе иако не го разбира јазикот.

Таа кажа дека со семејството во декември им биле веќе купени картите за Македонија и дека овде се дојдени на одмор поради рспустот кој го имаат нејзините деца во пресрет на карневалот кој сега веќе е откажан. Јовановска во вестите на Сител објасни дека нивниот престој во Македонија е до први март и дека се уште не знаат дали ќе можат да се вратат назад. Потенцира дека Италија е во карантин и населениото таму е многу загрижено.

Во регионот на Северна Италија каде што е и провинцијата Мира, односно во 11 провинции, затворени се училиштата, градинките, откажани се сите јавни собири, манифестации, спортски активности…

И додека Филипче уверува дека на сите патници кои пристигаат на македонските аеродроми им се врши контрола заради корона вирусот, релноста за жал е сосема спротивна. Зошто се прават овие пропусти засега останува нејасно, ќе има ли одговорност или не? Како е дозволено да не се контролираат патниците кои доѓаат токму од критичниот регион каде што веќе има седум жртви и и над двесте заразени…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.