Боречкиот тренер Љубиша Пешко е првото лице од македонскиот спорт кое е позитивно на Ковид-19.

Проф. Љубиша Пешко кој е поранешен македонски и југословенски репрезентативец во борење, а потоа еден од нашите најуспешни тренери во овој спорт потврди дека е заболен од коронавирус.

На една од фејсбук страните за македонско борење, осамна слика од Пешко во болнички кревет со палец кренат нагоре што наговестува дека се наоѓа во добра состојба.

Во својата кариера како борач Пешко настапуваше за Спартак Руен од Кочани и Бучим Јака од Радовиш. Во Спартак од Руен работеше и како тренер од 1996 до 1999, потоа премина во БК Вардар каде работеше до 2003. Во 2013 станува главен спонзор на овој клуб и повторно работи како тренер.

Додека беше активен борач беше редовен учесник на Европските и Светските првенства во категоријата до 74 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.