Македонецот кој е заболен со коронавирус е префрлен во болница во Јапонија. Се работи за блага форма на заболување, соопштија од Министерствотото за здравство

Меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување, изјави д-р Гордана Кузмановска.

Таа потврди дека кај еден од тројцата патници кои се наоѓаат на бродот во Јокохама, Јапонија, потврдено е присуство на коронавирусот.

Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени да се справиме со корона вирусот. Работата е целосно под контрола и во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника во нашата држава, велат од Министерството за здравство.

Граѓаните во целост да ги следат и почитуваат мерките за превенција:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;
• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.