Македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија, по три месеци откако ја прими вакцината за Ковид 19, своето искуство го сподели во изјава за Сител . Борко немал несакани последици.

Нема никакви промени во секојдневието или по здравјето. Се чувствувам добро и сигурно знаејќи дека вирусот не може да ме зарази и со тоа јас никој не можам да заразам. Тоа е добро чувство. Имаше три земања на крв и тестирања и уште едно ќе следи во ноември. На 6 месеци, но тоа е за нас бидејќи не тестираа. За сите останати не би требало да има тестови, само вакцината“ вели Борко Андреевски во писмена изјава за Сител.

Вакцината се очекува да биде официјализирана кон крајот на 2020 година. Таа ќе биде од фармацевстката куќа AstraZeneca на која работи Универзитетот Оксфорд. Таа е прва компанија која го потпиша механизмот Ковакс.

Инаку, „AstraZeneca потпиша лиценциран договор за набавување на 1 милијарда дози од вакцината за ниско и средно богатите земји, со услов да обезбеди 400 милиони дози пред крајот на 2020 година. Македонија е е дел од земјите кои се приклучија во глобалната набавка на вакцини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.