Хаи Шаулијан, добро познатиот израелски активист против вакцините за коронавирус, почина во понеделникот наутро во Медицинскиот центар Волфсон во Холон од последици на коронавирусот. Шаулијан ги повика своите следбеници на социјалните медиуми да не се вакцинираат против вирусот под насловот: „Нема епидемија – вакцината е непотребна и опасна“.

Како што јавуваат израелските медиуми, педесет и седумгодишниот Шаулијан починал во неделата во Медицинскиот центар во Холон.

Секој што се надева дека смртта на 57-годишниот Хаи Шаулијан ќе ги натера неговите поддржувачи да побрзаат и да се вакцинираат, ќе биде разочаран. Врз основа на реакциите на неговите следбеници на социјалните медиуми, се чини дека смртта на Шаулијан не ги промени нивните ставови, пишува израелскиот портал Хаарец.

Шаулијан, во саботата ги информирал своите следбеници на Фејсбук дека се наоѓа во многу лоша состојба, но ги повикал да продолжат да се спротивставуваат на медицинскиот естаблишмент.

Јас сум во многу сериозна состојба. Не сум способен да зборувам или да одговорам на пораките. Верувам дека ќе го поминам ова, продолжете да се борите, напишал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.