Сите лица кои се во изолација поради поврзаноста со докторката од Клиниката за кожни болести, министерот за здравство Венкоо Филипче на денешната прес-конфренцијата рече дека сите ќе бидат тестирани, бидејќи им истекол 14-дневниот карантин.

На сите лица од Клиниката за кожни болести веќе им се истечени 14 дена, веќе се прави план да се тестираат со цел да се вратат на работното место. Ќе бидат тестирани во следните денови. Не може сите да се завршат во еден ден, после што ќе ги соопштиме резултатите, кажа Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.