Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Љирим Шабани, најави дека до крајот на оваа или на почетокот на другата недела во државава ќе стигне лекот Ивермектин, кој ќе се користи во лекувањето на заболените од Ковид-19.

Шабани посочи дека ги одобриле сите барања кои ги имале од болниците и веледрогериите кои исполниле услови.

Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Најверојатно ќе стигне или крајот на оваа недела или на почетокот на другата недела, односно после Божик кога ќе бидат слободни патиштата за транспорт. Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците. Како и да е за скоро ќе биде. Верувам дека за недела дена или за десет дена ќе го донесат – вели Шабани за МИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.