Европската агенција за лекови (ЕМА) условно го одобри користењето на антивирусниот лек „ремдесивир“ од калифорнискиот фармацевтски производител „Гилеад“ за пациенти заразени со Ковид-19, што е првиот лек што добил препорака.
Европскиот регулатор денеска објави дека нејзиниот одбор препорача употреба на лекот „ремдесивир“ кај возрасни лица и деца на возраст од 12 години, дијагностицирани со пневмонија за чие лекување е потребен внес на кислород.
Цената на лекот во Европа сè уште не е позната. Во САД „ремдесивир“ би можел да чини и до 5.080 долари за третман, а генерички лек од индиски производител може да се продава од 66,13 до 79,35 долари.
Условното зелено светло на ЕМА значи дека лекарите можат да препишат „ремдесивир“, кој во Европа ќе се вика „веклури“ кога ќе биде одобрен од Европската комисија.
Условното одобрение за продажба во Европската унија дозволува терапијата да се продава кога се достапни сите податоци за дејството на лекот и неговите несакани ефекти.


„Гилеад“ мора да ги достави конечните податоци до декември.

Како што пренесуваат странските агенции, побарувачката за лекот се зголеми, бидејќи се покажа како ветувачки лек во клиничките испитувања.

Студијата спроведена од ЕМА покажа дека пациентите со Ковид-19 се опоравуваат во просек четири дена побрзо од другите пациенти.

Првично развиен како лек против хеморагична треска од ебола, „ремдесивир“ од лабораторијата на американскиот производител „Гилеад“ е првата терапија која покажа одредена ефикасност кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19.

„Гилеад“ очекува да произведе повеќе од два милиона дози до крајот на годината, двојно повеќе од првичната цел. Исто така, планира да започне поедноставни форми за примена, како инхалатор во споредба со интравенската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.