Лекарската комора која ја тужи Јадранка Бибан за навреда и клевета во шест последователни статуси на Фејсбук, инсистира судот да ѝ изрече времена мерка – забрана за објавување содржини поврзани со нив. Судот за барањето дополнително ќе одлучува, а следното рочиште ќе се одржи на 4. ноември.

Јадранка Бибан е специјалист по гинекологија и акушерство, но нема активна лиценца за работа. Таа во јавноста тврди дека се занимава со здравствена едукација и промоција на животен стил. Серијата статуси против Лекарската комора почна да ги објавува откако во екот на епидемијата од морбили, во телевизиско гостување зборуваше против вакцините, па Комората ги повика сите медиуми да внимаваат, оти Бибан со тезите го загрозува националното здравје.

„Изразив сомнеж дека повикот во медиумите навистина е реакција на Лекарската комора, но не бев демантирана, па напишав во новинарско – провокативен стил за да видам дали ќе имам реакција… клевета не може да биде она што е вистина, а навредата е чувство на човечко битие, а не на организација, рече на судењето Бибан.

Правната застапничка на Лекарската комора, адвокат Виолета Василева од адвокатското друштво „Де Леге“ рече дека и покрај тужбата, Бибан продолжува да објавува статуси на Фејсбук со кои нанесува штета на угледот на тужителот.

„Изнесените навреди и клеветнички зборови не ги чувствува, туку се навреда за сите членови на Лекарската комора. Законодавецот предвидел санкции за изнесени навреди и клевети и кон правно лице. Лекарската комора ниту ја провоцирала, ниту се впуштила во прозивките на Бибан, вели адвокатката Василева.

Целиот текст на следниов линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.