Документ кој беше објавен на Фејсбук страната на Здружението на лекари специјализанти – ЗЛС, потврдува дека лекар во Општата болница во Дебар работи со Договор на дело, само за 15.000 денари/

Кратко откако го објавија документот од здруженијата потврдија имаат дозвола од лекарот да се објави за која болница станува збор. Велат имаат информација дека таму неколку лекари (најмалку двајца) работат со Договор на дело за сума од 15 000 денари, без платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Станува збор за Јавна здравствена установа, Општа болница во Дебар која не смее да си дозволи да функционира со лекари со Договор на дело. Ако имаат недостиг од медицински кадар, нека ги вработат, а не да ги злоупотребуваат избегнувајќи да плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување, велат во ЗЛС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.