Докторот Ненад Лазаров посочува дека пациенти кои прават брзи тестови поради симптоми на коронавирус, не се изолираат од околината, туку одат по ресторани и на работа. Тој смета дека состојбата не е нормална.

Во моментов имам ист или поголем број на ковид пациенти без пцр отколку такви кои имаат, повеќето прават тест сами дома и сами си одредуваат колку и дали ќе бидат во изолација! Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, ова не е нормално!, пишува на Фејсбук, Лазаров.

Инаку, лицата кои прават брзи тестови и се позитивни на коронавирус, немаат законска обврска да бидат изолирани, ниту добиваат решение за изолација. Па така, тие и натаму можат да ги напуштаат нивните домови, тврди тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.