Квалитетниот сон е особено важен за децата, затоа што ќе остварат добри резултати на училиште, советуваат педагозите.

Без оглед на возраста, децата имаат повеќе енергија, подобро се расположени и се во подобра физичка состојба кога имаат здрав и долг сон.

Колку долго треба да спијат децата според возраста?

Деца од 4 до 12 месеци: од 12 до 16 часа

Од 1 до 2 години: 11 до 14 ч.

Од 3 до 5 години: од 10 до 13 ч.

Од 6 до 12: од 9 до 12 ч.

Од 13 до 18 години: Од 8 до 10 ч.

Квалитетниот сон е особено важен за тинејџерите, затоа што им е потребна концентрација за да постигнат успех.

Health24 пишува дека ненаспаните тинејџери имаат проблем со вниманието, прават проблеми на час и не учат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.