Со вкупно осум од 30 лица кои досега починаа од Ковид-19 во Македонија Куманово е град кој досега има најмногу жртви од коронавирусот кај нас. Вчера јавноста ја потресе веста дека почина 27-годишната родилка која во крајот на март предвреме се породи на Клиниката за гинекологија и акушерство. Бебето, како што соопшти ГАК нема ковид-19.

Вчера Министерството за здравство информираше и за смртта на 73-годишен кумановец.

По Куманово, на црната листа на бројот на починати од Ковид-19 следи Струга, каде што има шест жртви, а потоа се Скопје, Тетово и Дебар со по 4. На листата се уште и Велес, Штип и Кочани од каде потекнува по еден починат. Еден смртен случај има и во Кавадарци, кој влегува во домашната статистика, иако станува збор за државјанин на Албанија кој бил ангажиран како градежен работник во градот.

Според интерактивната мала во Македонија има 617 заболени од Ковид-19, 35 се излечени и 30 се починати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.