Општина Куманово доставила предлог локација за изградба на монтажна ковид болница која ќе се наоѓа во дворот на Општата болница Куманово, информираше градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Монтажната ковид болница ќе го зголеми капацитетот за прием на пациенти.

На последниот состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување поднесовме барање до Владата и Министерството за здравство и до општината да се вклучат со заеднички сили првично да создадат услови, а потоа и да изградат монтажна ковид болница во Куманово, со цел да се зголеми капацитетот на регионалната кумановска болница. Во моментов гледам дека се одвиваат такви активности во Скопје и други градови сè уште немаме официјален одговор од Владата, но верувам дека во следниот период од тој проект којшто е универзален ќе се изгради таков објект и кај нас во Куманово, изјави Димитриевски.

Општината ќе го подготви теренот, ќе обезбеди водоснабдување на објектот, а останатиот дел од инвестицијата ќе го покрие државата, односно Министерството за здравство.

Целта е да се зголеми капацитетот, бидејќи како што знаеме и така е и најавено од страна на повисоките надлежни органи не очекуваат дополнителни пикови на ковид болеста, истата не запира апелирам, да се сфати сериозно болеста, да се носи заштитната опрема и да се одржува растојание и да научиме да живееме со ковид кризата, повика Димитриевски.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, да носат заштита, да одржуваат физичка дистанца, да не се групираат и побара МВР да презема засилени мерки и превентивни и репресивни и да ги опоменува и казнува несовесните граѓани.

Здравствените власти најавија формирање на 16 ковид монтажни ковид болници низ градовите во државата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.