Кина од јули почнала да им дава експериментални вакцини на групи лица со висок ризик од инфекција со коронавирус, изјави претставникот на Националната здравствена комисија Џенг Џонгвеи.

Тој за државните медиуми кажа дека целта била да се зајакне имунитетот на одредени групи луѓе, вклучувајќи ги и здравствените работници и луѓето кои работат на пазарите и во секторите транспорт и услуги, пренесуваат британските медиуми.

Џенгвеи кажа дека кинеските власти би можеле да размислат за проширување на итните програми во помал обем, во обид да ги спречат можните епидемии за време на есента и зимата.

Ниту една вакцина се уште ги нема минато клиничките испитувања од поголем обем за да може да се докаже дека е доволно безбедна и ефикасна да ги заштити луѓето од можноста за заразување со коронавирус, од кој досега ширум светот умреа повеќе од 800.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.