Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Универзитетската клиника за нефрологија при Клиничкиот центар во Скопје се позитивни на ковид-19.

Трите случаи не се од ист оддел на Клиниката, информирале за МИА од Министерството за здравство.

Медицинската сестра, како што се посочува, е со лесни симптоми, а медицинскиот техничар е без симптоми на фебрилност и кашлица.

Еден доктор е во самоизолација во следните три дена, со потврден негативен тест за ковид-19. Нема друг персонал што е во самоизолација, според проценка од епидемиолози, нагласуваат од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.