Коста Петров, потпретседател на СДСМ на Фејсбук објави дека се тестирал за ковид-19 и тестот бил негативен.

Со оглед на фактот дека имав контакт од дистанца со Мухамед Зекири, би сакал да ве известам дека денес се тестирав и јас и тестот е негативен. Препораките на епидемилозите кои се наделжни и чии препораки треба сите да ги почитуваме се дека не треба да сум во самоизолација. Своите обврски продолжувам да ги вршам со вообичаеното темпо, напиша Петров на Фејсбук.

Денеска беше објавено дека членовите на СДСМ Мухамед Зекири и Сања Лукаевски се позитивни на ковид-19.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.