Директорот на Фондот за иновации Коста Петров во саботата паднал од велосипед и ги скршил двете раце. Тој на својот профил на Фејсбук објави дека се повредил при утринското возење велосипед на кејот во Скопје.

Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на Кеј и чекаа со мене додека дојде брзата помош, особено Перо Камиказа, напиша Петров.

Тој се заблагодари на персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до докторите Александар Трајановски и д-р Александар Савески, за грижата и посветеноста.

Сега следува период на рехабилитација и одмор а за неколку недели продолжуваме со уште по забрзано темпо, напиша Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.