Претставник на грчкото Министерство за здравство на денешната конференција изнел нови сознанија за коронавирусот.

Коронавирус SARS-CoV-2 предизвикува невролошки оштетувања кај мал број пациенти кои развиваат потешка клиничка слика.

Грчкиот инфектолог, воедно и лидер на кризниот штаб, д-р Сотириос Циодрас, на денешната конференција изнел нови податоци до кои дошол со тим невролози од цел свет според кои околу 15 отсто од пациентите кои развиваат потешки симптоми, можат да имаат невролошки оштетувања предизвикани од Ковид-19.

Освен веќе познатите симптоми – температура, кашлање и потешкотии во дишењето, одредени пациенти развиваат и дисфункција на менталниот капацитет, збунетост, летаргија, епилепсија, па дури и мозочен удар- рекол Циодрас на своето редовно обраќање кон грчката јавност.

Како што објаснил, изгледа дека вирусот го погодува мозокот и нервниот систем кај дури 15 отсто од потешко болните пациенти. Од претходно е познато дека вирусот може да го зафати мозокот и да предизвика негово воспаление, а проблемите со намалување на кислородот заради лошото дишење, може да влијаат на функцијата на мозокот.

Слични случаи се забележани и кај пациентите кои оболеле од тешка форма на сезонски грип – заклучил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.