Коронавирусот не ги поштедува ниту децата. Осум деца се позитивни на Ковид-19 и се хоспитализирани во детската болница Козле. Две од нив се на кислородна поддршка. Пред три дена е хоспитализирано новороденче, а најголемото дете заразено со Ковид-19 има 15 години, објави ТВ21.

Во болницата во Козле која се користи како Ковид центар за деца, хоспитализирани се 12 деца заразени со коронавирус. Во моментов 8 од нив се позитивни, две од нив се на кислородна поддршка. Најмалиот пациент е стар само 2 месеца, а најголемото дете 15 години. Нивната здравствена состојба е стабилна, посочи репортерката на ТВ21.

Од Министерството за здравство информираат дека состојбата на заразените деца со корона вирус е стабилна и се третираат со потребната терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.