Иако од ковид-19 може да заболи било кој, изгледа дека оваа болест најмногу ги погодува повозрасните мажи со хронични заболувања, покажало новото истражување.

Студијата, која е објавена денеска во „Европскиот магазин за срце“, открива дека мажите со срцеви болести имаат во крвта поголема концентрација на одреден ензим, ензим кој го конвертира ангиотензинот 2 – AKE2, отколку жените со срцеви заболувања, пренесува „Си-ен-ен“.

Високото ниво на AKE2 е присутно во белите дробови, па затоа се смета дека има клучна улога во прогресија на белодробните заболувања поврзани со Ковид-19, истакнал Ворс.

АКЕ2 е рецептор на површината на клетката. Тој се поврзува за коронавирусот и овозможува да му продре и да ја инфицира здравата клетка откако го модифицира друг протеин на клеточната површина, навел во соопштението д-р Адријан Ворс, професор по кардиологија во Универзитетскиот медицински центар Гронинген во Холандија, кој ја водел студијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.