Нова студија која се занимава со проучување на САРС-КоВ-2, кој го предизвикува КОВИД-19, дојде до важни заклучоци за нов вид вирус со кој се бори светот во последните три месеци. Научниците открија дека вирусот преживува во воздухот до три часа, а на пластични и челични површини може да преживее и до три дена пренесува „Фокс њуз“.

Студијата, која е објавена на страницата medRxiv, покажа дека новиот коронавирус може да живее на бакарни површини четири часа, додека на картонски површини до 24 часа.

Резултатите што ги добивме укажуваат дека вирусот се пренесува преку воздух и преку предметите што ги користиме и дека може да остане жив во честичките на воздухот до неколку часа, додека на површините на предметите може да живее и до неколку дена“, велат истражувачите на студијата.

Во моментов нема ефикасен лек за вирусот КОВИД-19, во тек е изработка на вакцина.

Повеќе од 127.000 случаи се позитивни на овој вирус ширум светот, а повеќе од 4.700 лица починати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.