Некогаш коронавирусот, во некои случаи дава тешка форма и нема спас за пациентите, изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостување во емисијата „Топ тема“.

Тој повтори дека граѓаните мора да се свесни дека мора да се придржуваат до мерките заради тоа што со седењето дома и со прекинувањето на сите контакти ќе се стави крај на ширење на вирусот и дека само така ќе се спасиме сите.

Имаме работа со болест која, во некои случаи, а не знаеме кои, дава таква тешка форма да на пациентите им нема спас. Има една таква прогресија да не останува ништо што може да се направи. Вакви клинички слики анестезиолозите и искусните интензивисти не виделе досега. Да е избришана структурата на белите дробови, да е избришана структурата на хепарот, да е целосно изреметена крвната функција е нешто што навистина ретко се гледа – рече Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.