Стоматологот д-р Гао стана многу популарен на ТикТок откако сподели видео во кое објасни колку паста треба да користите во однос на вашата возраст.

Тој посочи дека премногу паста за заби се користи во рекламите.

За деца на возраст под три години, доволно е само точка паста за заби, вели тој, демонстрирајќи го ова во видео и додава: За секој над три години, количината на паста за заби што одговара на грашок е доволна.

@doctorgaoAre you using the right amount of toothpaste? ##dentist ##dental ##dentistry ##tiktokguru ##youngcreators ##learnontiktok ##edutok ##teeth ##foryou

♬ Mad at Disney – salem ilese

Д-р Гао предупредува дека не е паметно да се користи премногу паста за заби затоа што може да доведе до проблеми, особено кај децата.

Не само што се троши повеќе паста за заби, туку и кај деца кои се уште имаат млечни заби, голтањето на вишок паста за заби што содржи флуор може да предизвика забна флуороза. Тоа е состојба што доведува до промени во изгледот на забите и емајлот на забите. Се појавуваат разни дисколорации на забите, од светли до многу темни дамки, објасни тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.