Поради опасноста од ширење на корона вирусот на уште поголем број луѓе, најголем акцент денес се става на одржувањето хигиена на рацете. Доколку работите од дома или најголем дел од денот го поминувате дома, тоа и не толку проблем зашто имате пристап до вода и сапун за раце. Но, ако мора да одите на работа и да имате контакт со други луѓе во текот на денот, најбезбедниот начин за одржување хигиена и заштита од заразата е гелот за дезинфекција на раце.

Затоа редно е и да споменеме кој е тој што го измислил ова средство за одржување хигиена кое денес спасува милиони животи. Станува збор за Лупе Хернандез, студент на медицина во Бејкерсфилд, Калифорнија. Во 1966 година додека одела на пракса како медицинска сестра таа била загрижена дека нема да има сапун и чиста вода за да ги дезинфицира рацете додека им помага на своите пациенти, па дошла на брилијантна идеја да измеша алкохол за втривање и гел и да го носи во шишенце со себе за рацете постојано да и бидат чисти.

Кога таа сфатила дека нејзината формула може да го смени светот на медицината, веднаш се јавија на телефонски број за пријавување иновации за кој слушнала на телевизија. Откако го регистрирала патентот, нејзиниот изум после децении од креирањето се претвори во бизнис вреден повеќе милијарди долари. Имено, индустријата за гелови за дезинфекција во 2017 година генерирала 2,4 милијарди долари приходи, а се очекува дека до 2024 година таа вредност ќе се искачи на 5,5 милијарди долари.

Изумот на Лупе Хернандез, кој денес може да има форма на антисептичка течност, пена или гел, е неизоставен дел од животите на многу луѓе кои го користат за да спречат ширење на инфективни микроорганизми и други штетни бактерии на рацете.

извор: Иновативност

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.