Кога беа направени првите вакцини против коронавирусот, не се дебатираше за тоа дали може и треба да се мешаат, кога ќе се зема втората доза.

Без доказ е стравот дека комбинацијата на вакцините против коронавирусот – добивање прва доза од еден произведувач на вакцина, а втора доза од друг произведувач на вакцина е опасно, пренесува агенцијата AGI, која ги цитира зборовите на советникот на комесарот за вонредни состојби, Гвид Раси.

Напротив, миксот на вакцини ги зголемува антителата. На пример, кај оние кои се имунизирани со една доза на АстраЗенека, а потоа како втора доза ја добиле вакцината на Модерна или Фајзер, вакцината развива повеќе антитела“, тврди Раси кој бил извршен директор на Европската агенција за лекови (ЕМА).

Според неговите зборови, комбинациите на вакцините не се новост, а тоа не е експеримент кој се прави со лекот против коронавирусот, пренесува „Танјуг“.

Мешањето на вакцините веќе било користено, на пример со вакцината против хепатитис А.

Агенцијата потсетува дека Италија не е првата европска земја која ги комбинира вакцините против коронавирусот. Тоа веќе е направено во Франција, Германија, Данска, Шведска и Англија.

Професорот д-р Миланко Шеклер од Ветеринарскиот институт во Краљево одамна ја застапува тезата дека треба да се комбинираат вакцините против коронавирусот.

Неговото објаснување е дека со комбинирањето на различните произведувачи на вакцини би можело да се покријат мутациите на коронавирусот, а на тој начин на пандемијата да ѝ се стави крајот.

Истиот став го имаат и Озлем Туречи и Угур Шакин, творците на вакцината Фајзер:

Мешањето на разните видови вакцина, вклучувајќи ги и оние основани на технологијата mRNA, како што е Фајзер со т.н. вирусни векторски вакцини како АстраЗенека, би можело да биде потребно за да се стави крај на пандемија“, изјавила косопственичката на компанијата на Бионтек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.