Проблемот не е само во бројката на заразените со британскиот сој, туку и во брзината со кој болеста се развива, пишува српскиот протал „Бука“.

Претходно беше сосема нормално пациентите да се јават околу 8 или 11 ден, а сега забележавме дека тоа се случува многу порано, некаде околу петтиот или седмиот ден и дека речиси сите доаѓаат со тешки облици на воспаление на белите дробови кои имаат потреба од кислород, вели Нермин Гранов, шеф на Клинката за кардиоваскуларна хирургија во Белград.

Лекарите велат дека клиничките слики се многу тешки особено кај младите, а како што се покажало најголеми преносители се децата.

Имаме ситуација лекарите да излезат од смена и да добијат онфаркт. Луѓето не можат повеќе псигички да издржат, бараат хоспитализација. Кога ќе ја видите таа тага, родени во деведесеттите години кои практично умираат и имате рамна линија на ЕКГ, а роден во 1986 година чека да легне во тој кревет. Тоа се неизбришливи слики и јас ги повикувам сите кои можат нешто да направат, да ја свртат насоката на оваа пандемија, рече Гранов за Buka.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.