Сте се разболеле од Ковид-19, но и најмалите симптоми почнуваат да исчезнуваат, поминуваат неколку дена и почнувате да се чувствувате подобро. Се поставува прашањето дали е во ред тогаш повторно да почнете да се гледате со други луѓе.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), ако имате Ковид-19 и се опоравувате до точка каде што веќе немате симптоми, ваков е протоколот за да откриете дека целосно сте се опоравиле.

Ако мислите или знаете дека сте имале корона вирус и сте развиле симптоми, можете да бидете во околина на луѓето откако:

– 10 дена откако првите симптоми се појавиле

– 24 часа без температура и лекови за намалување на температурата

– никакви дрги симптоми на корона вирус

Мора да ги исполнувате сите три критериуми. Но, што навистина значи таа последна точка?

Опоравувањето може да значи намалување на отежнато дишење, назална конгестија или кашлање и престанување на болката во грлото – вели д-р Ерик Сачинвала, медицински директор за превенција и контрола на инфекции во медицинскиот центар Ајнштајн во Филаделфија.

Важно е да се вентилира просторот дома десет дена, дури и ако симптомите целосно исчезнат по неколку дена. Не е важно дали повеќе не кашлате или имате треска – сепак можете да бидете заразни.

Студиите покажуваат дека луѓето со лесна до умерена слика на болеста, по овој десетдневен период, ако немаат никакви симптоми, не можат да го пренесат вирусот – заклучува Нил Голдстајн, доцент по епидемиологија и биостатистика на универзитетот Дрекел.

Ако ги исполнувате сите критериуми, не треба да бидете тестирани освен ако не ви препорача матичниот лекар.

За луѓето кои имаат позитивен тест на корона вирус, но никогаш не развиваат симптоми, ЦДЦ вели дека може да стапат во контакт со другите по 10 дена од приемот на резултатите од тестот.

Сепак, упатствата се разликуваат ако сте сериозно болни или имате сериозно ослабен имунолошки систем.

Ако развиете сериозна болест САРС-КoВ-2, можеби ќе треба да останете дома повеќе од 10 дена и до 20 дена откако ќе се појават симптомите. Ова исто така важи и за оние со ослабен имунолошки систем – велат од ЦДЦ.

Голдстејн вели дека ако сте сериозно болни, веројатно имате повеќе вируси во вашето тело, а ако сте слаби, телото не може да постигне ист имунолошки одговор.

На имунолошкиот систем му треба повеќе време да го расчисти вирусот и затоа треба да се изолира подолго.

Според ЦДЦ, можеби ќе треба да се тестирате и пред да можете безбедно да останете близу до другите. Разговарајте со вашиот матичен лекар за тоа.

Ако сте имале близок контакт со некој кој страда од Ковид, треба да останете дома 14 дена по последната изложеност на антигенот.

Сепак, постои исклучок. Не мора да останете дома ако сте имале Ковид во претходните три месеци и немате никакви симптоми на реинфекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.